Forklift encyclopedia

These types exist

Носач за контејнери

Стакери за контејнери се специјално дизајнирани за управување со контејнери на воз,брод или камион. Најголем предизвик за контејнерски стакер е управување со тешки товари и истовремено балансирање со механизмот со контратегот. Разликата помеѓу Контејнерски стакер и Регален стакер е таа што контејнерскиот стакер може да доспее и да реди до првиот ред, додека Регалниот стакер доспева до третиот ред. Затоа тежината на контејнерскиот стакер е за 70 тона помала од тежината на регален стакер. Капацитетот на празен контејнерски стакер е некаде до знакот од 10 тона, додека за полн е некаде околу 40 тона. Некои модели од празните контејнерски стакери имаат двојна санка која овозможува да се кренат два контејнера одеднаш. Обично работат на дизел но ги има и електрични.

Image

Вилушкар со контратег

Вилушкар со контратег, познат и само како вилушкар, се најчест тип на машини за работа со материјали и се карактеризираат со единица за дигање, кој што е составена од кран, вилушки со должина од околу 1 и 20 .Вилушкарот овозможува дигање, транспорт и редење на стоката. Вилушкарот со контратег може да се користи со разни додатоци и на многу разни начини. На пример електричните вилушкари се користат за внатре и за магацини бидејќи се тивки и не емитираат гасови. Од друга страна бензинците и дизелашите се претежно за надворешна употреба.Возачкото седиште е зад кранот. Максималната висина на кранот е некаде околу 2 метри и затоа возачот е заштитен со кабина или заштитна решетка од челик. За надворешна употреба големите вилушкари имаат кабина за работа независно од временските услови. Моторите им се поставени кон предната страна веднаш испод седиштето на возачот со цел да се обезбеди поголема стабилност при редење и кревање на товар. Управување со задната оска е едноставно и лесно за маневрирање, додека со преден погон се добри за тесни и места со нагиб. Има разлика помеѓу електричен вилушкар со 3 и со 4 тркала, и двата имаат електричен мотор и се широки по 1 метар. На 4 тркала може да крева повисоко и да е постабилен, додека со 3 тркала може да работи подобро во тесни простори и е многу полесен за маневрирање. Вилушкарите имаат капацитет на дигање од 1 тон до 8 тона. Генерално капацитетот на моторните вилушкари е поголем во однос на електричните. Висината на дигање зависи од кранот. Кранот може да е Дуплекс (два дела) или Триплекс(три дела). Ова овозможува крановите со помош на хидрауликата да се издолжат два или три пати неговата должина што овозможува кревање од 4 или од 7 метри. Широк дијапазон на додатоци го претвора било кој вилушкар во разноврсна машина за секаков материјал. Повеќе податоци за додатоците можат да се најдат на Forklift.

Image

Вилушкар за груб терен

Вилушкарот за груб терен е 4x4 со погон на сите тркала со контратег вилушкар конструиран за да работи надвор и на тешко достапни терени. Зависно од работните услови постојат разни видови и опции на вилушкари. Големите гуми се препорачливи за дупки и нерамни површини. Нивната предност е оптимални теренски способности и висока суспензија. За во индустријата има вилушкари со индустриски гуми, кои подобро се движат по асфалт и бетон. Во случај на терен со кал и макадам, најдобра опција е да се користи теренски вилушкар со погон на сите 4 тркала. Правило е да се користи соодветен вилушкар спрема теренот и условите, да се работи правилно спрема тежината на товарот и да се обезбеди максимална безбедност за возачот. Повеќето теренски вилушкари за груби терени се дизелски, но постојат и бензински и плински верзии. И најчесто се достапни со 4 или 6 пнеуматски гуми. Хидростатската трансмисија е најчеста, но има и со механичка и хидродинамичка трансмисија. Има и вилушкари кои што се со зглобни делови за подобро движење , со кочница на диференцијалот со управување со 2 или 4 тркала. Вилушкарот за сите терени мора да има добро лежиште и основа, да има робустен кран и едноделна шасија. Теренските вилушкари може да имаат вертикален кран, кој дига право нагоре, или да имаат телескопска стрела кои што дигаат горе и напред пред вилучкарот. Најчестите додатоци за за сите теренски вилушкари се за дрвената индустрија, рударство, рециклирање, за конструирање, за бетонската индустрија, за градежништвото и за тешката индустрија. Затоа теренските вилушкари не се користат само за тешки терени туку и за останатите области. На пример, добри се за бизнисот со стоваришта кои се надвор на отворено, и за воено поставување. Денеска, теренските вилушкари се честа појава и на градилиштата. Со нив се работи со палети со блокови, за да се складираат на спрат. Поголемите модели се со телескопски стрели со капацитет на дигање од 4 540 кг, вертикално достигаат и до 12 метри и напред и до 7 метри и повеќе.

Image

Палетари/Транспорт/Магацинска опрема

Овие машини се многу корисни за секојдневна употреба на вработените - без разлика дали во погон или фабрика, за магацин или за камион. ПАлетарите се лесни за употреба мали и флексибилни, лесни за транспорт на палети и други стоки без употреба на физичка сила. Има различни верзии на палетари за магацинско користење и за утовар и истовар на стоки.


Електричен палетар

Овие се управуваат ножно, но исто така има и со платформа или така наречени палетари со седиште или со платформа. Составени се од две вилушки, дупли задни тркалца, товарни тркалца на предната страна и рачка со хидраулично дигање со која што товарот може да се крене од земја и да се транспортира. Просечната висина на дигање помеѓу 200 мм и имаат капацитет одо околу 2 тона.

Image

Високодигач/ Лифт ножица

Високодизачите/маказните лифтови можат да бидат и обични палетари. Главната разлика е во висината. Со помош на хидраулична пумпа стоките тешки до 1000 кг можат да се подигнат до 800 мм. Има и електрични модели кои што се управуваат со батерија. Високите дизачи се од огромна помош на многу запослени во логистички центри затоа што товарот не се крева на раце.

Image

електричен палетар на нивоа

Бирачите на ниско и на високо ниво се користат за редење и складирање каде што возачкото седиште може да се крене заедно со товарот. Тие се разликуваат само по различните висини на кревање, па има на ниско ниво и на високо ниво.

Image

Палетар со високо ниво

Палетарот со високо ниво има висина на дигање и до 14,5 метри и капацитет до 2000 кг. Повеќето од нив овозможуваат кабината или седиштето да се дигаат заедно со товарот. Редењето на стоката може да се изврши на два начина и тоа, мануелно и менханички. Исто како и палетарот на ниско ниво и палетарот на високо ниво може да се управува автоматски.

Image

Средна тежина бирач на нивоа

Палетар на средно ниво најчесто се користи за транспорт на товар од 6000 мм и капацитет до 2500 кг. Имаат операторска платформа или седиште или можат да се користат без возач.

Image

Електричен палетар со ниско ниво

Палетарите на ниско ниво се користат првенствено за складирање и транспортирање на товари до 2000 мм со капацитет до 2000 кг.

Image

Магацинска опрема/Редење/Рачен стакер

Стакерите се достапни со мануелно и механичко дигање. Мануелните се опремени со хидрауличен вентили кој се пумпа со рака или со нога. За глатко спуштање на товарот вентилот отвара споро. Рачните мануелни стакери имаат капацитет до 1200 кг и максимална висина на дигање до 2 метри. Најчесто употребувани се електричните стакери со капацитет на дигање до 2500 кг и висина на дигање и до 5,5 метри. Операторот оди со стакерот или седи во седиште во кабина. Регалните стакери се преферираат заради одличното маневрирање и олеснување на оперирањето низ целата логистичка индустрија.

Image

Компактен стакер

Стакерите се значително се разликуваат од стандарден вилушкар по отсуство на седиште за возачот. Стакерите се дизајнирани како направа за стоечко управување, додека некои модели имаат и стоечка платформа за управување. Бидејќи овие машини немаат седиште тие се многу повеќе компактни и поагилни од стандардни стакери и се преферирани во мали и тесни простории.

Image

Стакер основа

Тие припаѓаат на стакери со платформа. Предностите на стакерите со платформа е во тоа што тие се многу покомпактни од обичните регални стакери и можат да работат во многу мали простории и патеки кои ја зголемуваат безбедноста и комфортот на операторот. Со многу мал радиус на вртење операторот има добра стоечка позиција, поголема прегледност и многу подобро управување.

Image

Стакер со седење

Тие се дел од палетата на стакери со седење. Стакерот со седење специјално дизајниран за транспорт од оклу 100 метри и 5 часа на ден. Стакерот на нивоа е подобар но е поскап за од 25 до 50 насто и дава подобри резултати. Малиот радиус на вртење го прави популарен во мали хали и објекти.

Image

Зглобни дампери

Вилушкар за тесен коридор се перфектни за оптимално искористување на просторот. Овие вилушкари се користат во простори кои што се малку пошироки од вилушкарот. Тие овозможуваат 100 проценто управување во просторот и овозможуваат максимален простор за складирање.

Image

Регален палетар

Регалните вилушкари се дизајнирани примарно за транспорт за подолги пообемни стоки. Повеќето модели се опремени со дизел гориво или се електрични. Возачот седи од страна на машината и управува со кранот од место и може да го придвижува напред и назад, и може да се спушти до земја. Санката се собира и товарот лега на основата на предните носечки оски. Затоа тешките товари се безбедно пренесени и без потреба од контратег како кај стандардниот вилушкар. Помеѓу овие модели има и со страничен кран. Страничните товарачи работат од една страна а ја поставуваат стоката на друга.

Image

Вилушкар монтиран на камион

Како што кажува и името, овој вилушкар е дизајниран така да може да се транспортира на задниот дел на камионот. Веднаш по пристигнувањето камионот може да биде поставен за краток период што овозможува брзо и навремено да се товари или истовари стоката. Споредбено со стандарден вилушкар, монтирачкиот вилушкар на камионот има помала тежина и е полесен за маневрирање. Поголемите предности се: Можност товарот маеханички самиот да се истовари од истото возило и од една страна се товари а на другата дестинација се празни. Едноставно се поставува и приклучува на носечкото возило. Така што заштедува доста време и е доста ефективна финансиски.

Image

Регален вилушкар

Како и стакерите за контејнери регалниот стакер спаќа во категоријата на вилушкари со голем контратег. Додека контејнерскиот стакер може да докачи до првиот ред, регалниот стакер може да носи и до 50 тонапреку телескопските раце и до трети или четврти односно максимум до 6 спрат. Комплетно и максимално опремен стакер можа да носи и до 100 тони. Регалниот стакер е опремен со разни продолжетоци и е користен од многу компании наместо скапиот конејнерски кран.

Image

Телескопски носач/Телескопски вилушкар

Телескопските утоварувачи, попознати како телескопски вилушкари најмногу се користат во градежништвото, агрокултурата и индустриските објекти. Овој вид на вилушкар може да има висина на дигање и до 30 метри. Телескопските утоварувачи се крути машини или полукрути машини. Телескопските утоварувачи може да дојдат со целосна ротација на основата и се наречени ротирачки телескопски утоварачи. Максималниот капацитет на овие модели е некаде до 21 тон. Телескопските утоварувачи најчесто имаат погон на четири тркала и дизел погон и осцилирачка задна оска за подобри теренски резултати. Операторот има опција да бира повеќе операции за подобра ефикасност и флексибилност. Телескопските утоварувачи се многу разноврсни машини што се должи на можноста да се приклучат разни додатоци кои ги овозможува телескопската рака.

Image

Четворонасочен страничен утоварувач

Четворонасочните странични товарачи вообичаено доаѓаат со електрични внатрешни мотори и се дизајнирани за транспорт и складирање на долги, гломазни стоки во ограничени простори. Најчестите подручја за работа со четворонасочните странични утоварувачи се во дрвената индустрија и производство нас дрвени предмети, или каде има потреба од работа со долги челични и пластични цевки. Четворонасочните странични утоварувачи со странично утоварување го поставуваат товарот на шасијата на едната страна од вилушкарот. Сите четворонасочни вилушкари имаат мулти насочно управување што значи дека можат да ги ротираат четирите тркала за 90 степени. Ова овозможува на страничните утоварувачи да имаат екстремно мал радиус на вртење и можат да се користат наместо обичен страничен утоварувач каде што радиусот на вртење е далеку поголем радиус на вртење.

Image

Страничен утоварувач

Страничните товарачи вообичаено имаат електричен, дизел или плински погони се дизајнирани за транспорт и складирање на долг, обемен товар во ограничен простор. Најчестите простори за работа со страничните товарачи се дрвената индустрија и производството на дрвени производи или каде што долги челични и пластични цевки треба да се транспортираат. Вилушкарот го крева товарот и го поставува на платформата на едната страна од вилушкарот. Комерцијалните странични товарачи имаат капацитет на дигање од 1000-6000 кг. со висина на дигање од 3000 до 8000 мм.

Image

Vierwegeschubmaststapler

Специјално за долги товари, овие направи можат да работат странично но исто така можат да имаат и фронтален приод и можат да ја менуваат насоката на движење по потреба. Капацитетот од 2 до 2.5 тона и висина на дигање до 8000 мм.

Image