Attachments encyclopedia

These types exist

Атачменти

Додатоците за вилушкарите ја комплетираат функцијата и оперативноста на вашиот вилушкар. Повеќето од едноставните за монтирање додатоци се достапни во сите можни стилови и опции. Вилушкарот може да се користи како мултифункционална и разноврсна машина, пример, во зима за чистење на снегот или за транспорт на несакани материјали. Истотака може да се користи како персонален носач и како работна платформа. Додатоците се достапни за обични вилушкари, за телескопски вилушкари, контејнер носачи и странични утоварувачи, со механички, електричен , хидрауличен или пнеуматски погон. Капацитетот на вилушкарот ќе варира во зависност од тоа колку тежи додатокот. Кога се работи со некој додаток треба да се воси сметка за евентуална промена на центарот на гравитација на товарот. Вилушкарите кои се опремени со додатоци треба да се управуваат од искусен оператор.


Туркај Влечи

Единиците за туркање на товарот се дизајнирани за туркање на товарот на вилушките или платформата. Овие додатоци вообичаено се многу лесни за кревање монтирање и можат да бидат преместени заедно со палетата под товарот и да биде транспортирана.

Image

Шепа за бала

Шепата за бали го фаќа товарот со две крила и е идеална за прифаќање на товар во кутии или друго. Шепите за бали се достапни со вграден бочен помак и можат да се свртат до 360 °

Image

Шепа за хартија

Собирачка шепа која е составена од две прачки кои што се поставени во правец на движечкиот товар како ролери или барабан. Многу модели доаѓаат со бочен помак.

Image

Ротатори 360°

Ротирачка направа прави ротација од 360 ° на товарот. Повеќето модели од ротирачката опрема имаат бочен помак, исто така се викаат странични удари.

Image

Единица на кутија за празнење

Единица за празнење е идеална за брзо, лесно и ефективно празнење на контејнери. Ваква направа за монтирање може да сврти контејнер до 360°.

Image

Дигач за буриња

Овие се користат за редење, носење и празнење на буриња. Тие се достапни во механичка и хидраулична верзија и можат да бидат нарачани со вага и со ротација. Има различни големини на држачите да можат да одговараат на различни големини на бурињата.

Image

Шепа за буриња

Шепите со барабан се додатоци за транспортирање на ролни.Има две раце кои се адаптирани за обликот на ролната. Можат да ротираат и имаат нагиб напред. Има и шепи кои можат да носат истовремено и по две ролни.

Image

Вилушки

Вилушките се едни од највредните додатоци. На пример, зголемена должина значи зголемена тежина на дигање во однос на стандардните. Специјални верзии, обложени или отпорни на експлозија не се невообичаени.

Image

Продолжеток за вилушки

Продолжетоци за вилушки се користат за да ја зголемат должината на вилушките. Овие се користат за транспорт на долги товари .

Image

Шепа за атачменти

Шепите се додатоци кои се користат за транспортирање стока на вилушкарот. Додатните шепи доаѓаат во разни стилови и се достапни на разни направи.

Image

Шепа за пристаниште

За работа на пристаниште постои шепа за пристаниште која е конструирана за да ги совлада сите препреки на теренот. Пристанишните шепи се достапни со бочен помак.

Image


Шепа за апарати

Шепата за апарати е достапна во крута и флексибилна верзија. Нивната главна цел е за транспорт и складирање на стока без палета. Стоки као машини за перење, фрижидери, телевизори, кои можат да бидат безбедно транспортирани со ваква шепа. Како и многу други додатоци и таа доаѓа со бочен помак.

Image

Чистач

За чистење на улиците, зградите, паркинзите, вашиот вилушкар може да се претвори во машина за чистење која користи додаток за чистење, кои се со различна големина на дискот за чистење со цел да се најде соодветна употреба.

Image

уред за поместување со лопати

Во овој тип на додатоци лопатата може да се движи со нагиб напред, назад. Кофата за ѓубре се управува со хидрауличен систем.

Image

Шепи за цементни цевки

Шепата за бетонски блокови е дизајнирана за транспорт и складирање на бетонски цевки со големи вилушкари. Повеќето од апаратите имаат вградено безбедносна направа која го мери притисокот во цевките, ова го спречува оштетувањето на мембраната и оштетување на товарот.

Image

Вилушки со шепа

Оперирана и како шепа и како позиционер за вилушки. Несмасните товари како каси, бали и гуми, можат да се фатат помеѓу вилушките. Можноста за позиционирање на вилушките овозможува да не се уништи палетата. Може да се искористи да подигне стандардни палети, широки товари и товари кои не се на палета, или само со вилушките или со додатоци за дрво, ролни, бали и др. Ротацијата во било која насока помага во управувањето.

Image

Туркач/Влекач на товар

Најчето користени како лизгачки шепи за товарење и истоварање на стока од контејнери за да не се оштетат кутиите или палетата со кутии. Кутијата со палети најпрвин се извлекува преку преден влекач со механизам. Овој влекач и туркач на товар лесно се монтира на вилушките. Достапни се за монтирање на вилушки и на платформа.

Image

Кран стрела

Со овој додаток може да го користите вилушкарот како кран. Достапни се како вртливи и како крути. Нивниот капацитет на носење е од 2500 до 4000 кг. Меѓутоа има и машини со поголем капацитет

Image

Стабилизатори на товарот

Тие го стабилизираат транспортот на стоки од врвот на вилушките и овозможуваат безбеден и брз транспорт преку нерамнен терен. Времето на товарење е значително намалено со вграден бочен помак. Тие се обложени со мека облога за да не го оштетат товарот и притисокот на товарот се распоредува постепено.

Image

Мултипалетен ракувач

Мулти палетни вилушки овозможуваат транспорт на две палети, исто така и вилушки за транспорт на 3 палети. Тие се хидраулични додатоци за вилушкарот.

Image

Палетен инвертер , ротирачки 360°

Инверторот за палетарите е направа која се користи за ротирање во производствениот процес на стоките, пример, плочките се обложени од горната страна за полесно да влезат при менување на палета. Понатаму, секоја оштетена стока лоцирана во долните редови може да се смени без да се поремети целиот топ. За нестабилни продукти, ние препорачуваме да користите странична подржувачка рака. За товарење на контејнери без палети, палетните инвертори можат да се комбинираат со туркач.

Image

Шепа за ролни хартија

Шепите за ролна хартија се идеални за подигање на вертикални или хоризонтални со големи дијаметри. Тенкопрофилните контакти на шепата спречуваат оштетување на ролната и помагаат при безбедно складирање. Шепата користи ротатор со запчаник и квачионен сопирачки систем. Ротацијата од 360° помага при спуштање кои што не се рамни. Исто така има модели со независна рака за симултано носење на две ролни. Тенкопрофилните раце спречуваат оштетување. Шепите за ролни хартија се достапни со 180 и 360 степени ротација.

Image

Корпа за луѓе

Тие се за употреба при големи висини. Повечето од корпите доаѓаат со тежина од 300 килограми. Работењето во корпата секако е максимално безбедно и заштитено од незгоди.

Image

Шепа за цевки

Шепата за бетонски цевки е конструирана за транспорт и складирање на бетонски цевки со тешки машини. Повеќето машини имаат вграден апарат кој мери притисок во цевките, ова спречува оштетување на мембраната и на товарот.

Image

Кружна шепа за дрвја

Шепата за стебла од дрвја, овозможува подигање и транспорт на цепанки дрвја. Да се направи разлика меѓу обичен фаќач на дрвја со местечки раце и еднокрак фаќач. Тие се оперирани хидраулично и најмногу се користат во шумарството и дрвената индустрија.

Image

Плуг за снег

Ралото за снег се користи за во зима за да го одтуркате снегот без додатни трошкови. Инсталацијата е лесна и едноставна.

Image

Хидраулична корпа

Хидрауличните корпи се монтираат на санката на вилушкарот. Погодни се подигање и носење на песок , земја и други материјали. Доаѓаат со

Image

Бочен помак

Бочниот помак се користи за да го помести товарот односно санката на страна. Бочниот помак е хидрауличен додаток за вилушкарот. Ги померува вилушките хоризонтално и овозможува точно подигање или спуштање на товарот во тесен простор. Можат да бидат единечен бочен помак каде што двете вилушки симултано се движат лево десно, или мулти бошен помак кој овозможува подигање на повеќе палети истовремено. Вилушките се движат независно една од друга лево или десно.

Image


Шепа за тули и блокови

Ова се тројните вилушки за вилушксрот. Тие се користат главно за транспорт на цигли и бетонски блокови.

Image

Шепа за бала тутун

Шепите за тутун се користат за да ги обезбедат балите со тутун со подлога и картонски држачи. Тенките раце овозможуваат лесно функционирање на држачите и овозможуваат редење во тесен простор. Вградениот бочен помак овозможува едноставно и бочно редење на товарот.

Image

Хидраулична телескопска вилушка

Овие додатоци се идеални за решение на многи транспортни и товаречки апликации. Камионите можат да се товараат и од едната и од другата страна. Телескопските вилушки можат да бидат и со и без погонски стојалишта и вилушките можат да навлезат напред под товарот.

Image

Телескопски стрела кран

Ови додатоци овозможуваат вашиот вилушкар да работи како мини кран. Стрелата е обезбедена со кранот со штрафови. Кранската кука е лоцирана на стрелата и може да се оперира на различни висини. Телескопските куки имаат крут ротор и доаѓаат цо две или повеќе куки.

Image


Продолжетоци за товарот

Со продолжетоците за товарење , товарот може да се извлече од вториот ред со издолжување(пр. Странично товарање и истоварање на товар, автомобили и др) Можат да се монтираат со прописни додатоци. За да избегнат некои лоши калкулации достапни се со бочен помак.

Image

Позиционер за вилушки

Автоматското позиционирање на вилушките се најпопуларен додаток на пазарот. Многу производители прават најразлични типови со различни ширини. Позиционирачите на вилушките овозможуваат бесконечно користење на направата без разлика на ширината на вилушкарот за да го транспортира товарот.

Image